Резултатите од ПИСА тестовите 2022 – црвен аларм

2024, Јануари

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА БР. 2

За тоа дека создаваме полуписмени генерации, веќе по трет пат си добиваме тапија. Колку и да е алармантно, власта по обичај го занемарува. Сепак, овие резултати вредни за темелна експертска анализа и соодветна акција и итна интервенција од страна на власта воопшто – го запалија црвеното светло. Индикаторите говорат дека со школството не припаѓаме во Европа (или не сме за во ЕУ).  Практично како дното на мерната скала што ја мери писменоста на нашата младина да е резервирано за нас, Албанија и Косово, и дека така треба да си остане.

Инаку, ПИСА тестовите се замислени да го мерат знаењето на 15-годишниците од 81 светски држави и провинции кое го изработува Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во областите: разбирање прочитана содржина (РПС или „читање“), математика и природни науки. Северна Македонија во резултатите од 2022 можете да ја најдете на 62 место по математика, 69 место по природни науки и дури на 72 место по „читање“. Учениците по математика оствариле  просек од 389 поени, додека реперот од просекот на ОЕЦД е далеку повисок и изнесува 472. По природни науки нашите постигнале 380 поени, а просекот на ОЕЦД е 489 поени. Најстрашна е состојбата со РПС каде нашите дечиња оствариле само 389 поени, а просекот на ОЕЦД изнесува 476.

За жал, ова значи дека резултатите неспорно докажуваат дека нашите деца, т.е. генерациите што ќе ја градат иднината на нашата земја се околу 20% под просекот што ги опфаќа ОЕЦД земјите (сите Европски земји и некои други земји и територии). На сето згора, очигледен е и надолниот тренд на нашата позиција во однос на 2014 и 2018. Имено, од минатиот тест како држава сме паднале на скалата неколку места подолу. Ова докажува дека производот на нашето школство кое е темелно занемарено од власта, во просек е: срамно полуписмено и неадаптибилно дете кое тешко ќе се снаоѓа со модерните предизвици во потеснаа животна околина но и пошироко во светот.   

Исто така, паѓа во очи тажниот факт што дури околу 15% од учениците се изјасниле дека се чувствуваат како осамени аутсајдери и дека не чувствуваат припадност кон училиштето, што укажува на тоа дека државата посериозно треба да се работи на проблемот на инклузија, менталното здравје на секој ученик и врсничкото насилство. 

Понатаму, резултатите покажале дека само 1% од тестираните покажале врвен перформанс по математика или природни науки, додека ОЕЦД просекот е 9% односно 7% соодветно, што е индикатор за тоа дека кај нас едукативниот систем создава оскудица и со натпросечни ученици, или, поинаку кажано – го занемарува талентот.  

Се докажа дека коалицијата на власт со своите партиско активистички нестручни и некомпетентни кадровски решенија не умее да справи со предизвиците во едукативниот систем. Не умее да анализира резултати, да алоцира проблеми и да понуди првични а потоа и трајни развојни решенија. Посебно не’ загрижуваат индикациите дека е можно да постојат  сериозни разликите меѓу децата што учат на македонски јазик и децата што учат на албански јазик. Според анализите на резултатите на ПИСА 2018 (Анализа на пoстигањата на учениците од Република Северна Македонија)  се дошло до сознанието дека состојбата во паралелките на албански јазик е уште позагрижувачка. Ваквата ситуација се индицира и во други анализи (на пример анализата објавена во CIVIL Media: Нотирани биле разлики во постигнувањата на учениците кои ја следат наставата на македонски јазик со оние кои учат на албански јазик).

И покрај ваквите податоци, ниту МОН ниту Власта (читај ДУИ) не презеле ништо, од каде јасно произлегува дека тие се подготвени да ги „жртвуваат“ децата што учат на албански јазик само и само да се постигнат некакви политички цели.

Доколку партијата ТВОЈА влезе во владејачката коалиција на идната власт: 

  • ќе формира експертски тим во кој ќе вклучи и меѓународни експерти, а кој ќе го реформира најпрво основното, а потоа и средното образование во областите кои се предмет на ПИСА тестирањата. Подобрени резултати ќе се очекуваат на првите наредни ПИСА тестови (најрано во 2026 година);
  • ќе стипендира специјализанти и докторанди од едукативни политики во земјите кои имаат одличен перформанс, како што се Литванија, Швајцарија и Финска за ефективно да го донесат и имплементираат знаењето за модерното образование кое ни недостига;
  • буџетот за просвета ќе го зголеми за 20%, за да ги премости сите финансиски недостатоци за обезбедување на сите средства за учебници, работни листови, нагледни средства и видео-материјали, толку потребни да се надмине оваа срамна положба; 
  • ќе создаде едукативна мрежа со помош на финансирани проекти во кои носечка улога ќе имаат постоечките стручни здруженија на математичари, физичари, хемичари, географи и биолози, а ќе охрабри и регистрација стручни здруженија во сите образовни области, за да ја овозможат дисеминацијата на новите едукативни правци; и
  • ќе им ја зголеми платата на наставниците и професорите (притоа кратејќи од други неоправдани буџетски ставки) и ќе ги наградува најдобрите, за да промовира достоинство во вршењето на благородната едукативна мисија, а што најприродно ќе не’ воведе во фаза на создавање квалитетни генерации наши дечиња. 
  • ќе работи на отстранување на разликата во квалитетот на образование кое го добиваат децата кои учат на македонски и на албански јазик.

„ТВОЈА“ има вградено во својата Програмска рамка посебна цел под наслов „Образование за 21 век“. Ве повикуваме внимателно да ја прочитате.

Известител: М.Р.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Shopping Cart