13 причини ЗОШТО да гласаш за ТВОЈА партија
- Затоа што ТВОЈА партија сака и може да внесе промени во работењето на Собранието.
- Затоа што ТВОЈА партија не се бори за министерски, директорски или функционерски места.
- Затоа што ТВОЈА партија не е ничиј приврзок.
- Затоа што ТВОЈА партија не се плаши од моќните.
- Затоа што ТВОЈА партија нуди индивидуи а не марионети.
- Затоа што ТВОЈА партија има принципи од кои никогаш не отстапува.
- Затоа што ТВОЈА партија може да биде алатка на контрола на владата.
8. Затоа што ТВОЈА партија ќе сподели со граѓаните за сè што се случува во Собранието и ќе лобира за нивните интереси.
9. Затоа што ТВОЈА партија нуди алтернативни решенија.
10. Затоа што ТВОЈА партија гради платформа за обединување на помалите партии.
11. Затоа што ТВОЈА партија знае како да ги вклучи граѓаните во процесите на одлучување.
12. Затоа што ТВОЈА партија се обврзува да ги потсетува сите во власта на дадените ветувања, за да запре неодговорноста на политиарите.
13. Затоа што ТВОЈА партија граѓаните не ги гледа како клиенти туку како работодавачи.
13 е твојот среќен број
ПРЕС центар (вести)
Одлука 05.09.2024
Иницијативниот одбор за свикување на конгрес на Твоја партија во состав Александар Тортевски, Тања Олумчева, Марко Дамевски, Ивица Геговски на ден 5.9.2024 ја донесе следната:
Интервју со Гога Поп Ѓоргиевски, бизнис девелопер – Твоја Партија – Избори 2024
Интервју со Мимоза Ристова, универзитетски професор – Твоја Партија – Избори 2024
Интервју со Мирјана Најчевска, универзитетски професор – Твоја Партија – Избори 2024
Интервју со Александар Тортевски, адвокат – Твоја Партија – Избори 2024
ПОТПОЛНА НЕКАЗНИВОСТ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА КАМПАЊА
– Даштевски и ДИК: јавете се – СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА БР. 6 Според членот 69-а од Изборниот законик: За изборна кампања се смета јавно собирање
YouTube Канал на Твоја партија
Нашата визија е држава во која има:

Почитување на различностите
Ги знаеме нашите различни истории, култури и традиции, ги почитуваме и развиваме, а нашиот идентитет е сигурен и заштитен (на ниво на етнички и на ниво на национален идентитет)

Почитувањето на индивидуата
Почитувањето на индивидуата (со сите права кои и припаѓаат) и индивидуалноста (со сите различности кои ја оддвојуваат од другите индивидуи) претставува принцип во делувањето и се вреднува уникатниот придонес во заедницата што го дава секоја личност

Здраво и мирно место за живеење
Македонија е држава која што претставува здраво и мирно место за живеење, полно со различности (во општетсвените односи и во природата). Економскиот живот овозможува луѓето да ги задоволат нивните потреби во рамките на природните ограничувања и се обезбедува благосостојба од секаков аспект за сите граѓани