БЕСПРАВНО ИЗГРАДЕНИ ОБЈЕКТИ

Актуелната власт излезе со Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно израдени објекти (се рзбира во скратена постапка) и со тоа ја продолжи практиката на изигрување на еден хуманитарен институт во институт за покривање на редица противправности на градежничката мафија. Имено, овој Предлог-закон е дополнување на постоечкиот Закон за легализација на бесправно изградени објекти, првично донесен во 2011 година.

Веќе на почетокот на текстот на Предлог-законот се изнесува оцена на состојбите која е крајно контрадикторна: 

Бесправно изградените објекти како објекти изградени без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење во и надвор од планскиот опфат, за кои согласно Законот за градење не е пропишана постапка за градење, а со тоа и не постои целосна контрола во текот на градбата: одобрение, надзор, ревизија, и нивното влијание на социјалниот и економскиот аспект на живеење и на животната средина, како настаната и наследена состојба во областа на градежништвото, наметнаа потреба од законска регулација и решавање на овој проблем. Несоодветно изградени и приклучени на инфраструктурните системи (пат, вода, струја и слично ) градби, сами по себе преставуваат ризик од нестабилност и го рушат редот во планирањето на просторот од страна на државата.

Доколку овие бесправно изградени објекти претставуваат ризик од нестабилност и го рушат редот во планирањето на просторот, како тогаш нивното озаконување ќе го излекува тој проблем? Дали со амнестирање на криминалци се намалува криминалитетот или пак последиците од истиот? 

Јасно е дека не само што не се намалува, туку истиот почнува да станува редовна пракса, па така е и со дивоградбите. Имен0 

Ооткако е донесен првиот закон за легализација на дивоградбите во 2011 година, поднесени се уште 14 измени и дополнувања на истиот. Ова значи дека од 2011 година до денес, речиси секоја година имаме по едно продолжување на рокот, односно легализација на новоизградени дивоградби. Да бидеме попрецизни, измени имало во: 2011, 2012, 2013 (два пати), 2014 (три пати), 2015 (три пати), 2016, 2017 и во 2021 година.

Овој последен предлог за измена и дополнување на Законот ќе биде 15 продолжување на рокот за легализација на дивоградбите и тоа мислам дека треба да биде доволен показател дека легализацијата не само што не го решава проблемот, туку и го продлабочува. 

Дека е ова така, повторно може да погледнеме во текстот на предлогот којшто гласи: „Но, иако во соопштенија на Државниот завод за ревизија од областа: Градежништво, за бесправно изградените објекти се даваат податоци за секоја година, сепак бројот на бесправно изградените објекти е многу поголем од објавениот, а некои истражувања даваат податок дека бројот на дивоградбите на територијата на цела држава изнесува околу 50.000 објекти. Ова состојба сама по себе претставува сериозен проблем за државата и има повеќекратно негативно влијание врз целокупниот економски живот, а во истата како целна група е опфатен голем дел од населението.

Понатаму, Предлог-законот предвидува покрај бесправно изградени објекти да се легализира и пренамената на посебни делови на објекти за кои немало одобрение за пренамена. Така, на пример, сите оние подземни гаражи во станбените згради кои станале комерцијални објекти, сега ќе може да се легализираат и станарите и дефинитивно ќе мора да паркираат на улица. Што значи дека Предлог-законот директно задира во спречувањето на урбанистичкиот хаос.

Основната измена во овој закон е поместување на временската рамка за легализирање на дивоградбите. Барателите кои ќе достават барање за утврдување на правен статус, треба да достават геодетски елаборат за утврдување на фактичка состојба на бесправен објект, најдоцна до 31 декември 2024 година. Ова ДЕФИНИТИВНО значи дека ќе се легализира новоизградени, НОВИ дивоградби, а не стари дивоградби кои не успеале да бидат легализирани.

Друга измена којашто драстично задира во правната држава и овозможува нова амнестија на криминали е членот кој предвидува дека управните, судските (кривичните и граѓанските) постапки во врска со изградба на бесправните објекти предмет на овој закон, започнати пред влегувањето во сила на овој закон со денот на влегувањето во сила на овој закон се запираат. Да прикажеме сликовито: доколку вие се тужите со вашиот сосед за бесправно изграден објект, оваа постапка ќе биде прекината. Исто така, сите решенија за рушење кои не биле реализирани до сега, затоа што Општината немала пари, сега ќе се сопрат и истите објекти ќе бидат легализирани.

Дополнително, покрај измените, овој Предлог-закон ги реактивира сите стари, проблематични точки од посточекиот Закон, а на кои им бил поминат рокот. Веројатно најстрашна такви точка е: неказнивост на инвеститорот и изведувачот на бесправно изградена станбена зграда, со тоа што надоместокот го плаќаат имателите на станови во истата.

Да резимираме, најголемите забелешкимерки кои ги имаме од нашите европски партнери се однесуваат на владеењето на правото, а овој Предлог-закон директно покажува дека во Македонија владеењето на правото е дури и законски оневозможено.

           Токму затоа, „ТВОЈА ПАРТИЈА“ во својата Програмска рамка како Посебна цел ги утврди Демократски односи и добро управување: Одлучувањето во државата не е и не може да биде привилегија на мал број луѓе, а управувањето овозможува демократски донесените одлуки да се спроведуваат во корист на граѓаните и заедницата.“ Предлог-законот за дивоградби е токму обратното: мала група луѓе (градежничка мафија – инфилтрирана во извршната власт) носи закон во исклучиво нивна полза, а се крие зад сите оние случаи кои не можат да си обезбедат кров на глава. И тоа отворено ја оштетува Заедницата.

Известител: Димитар Стојановски д.и.а.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Shopping Cart