Програма

ОПШТА ЦЕЛ

Демократска  партија  чијашто дејност се базира на комбинирање  на политиките  за општествена промена со политиките за решавање на големите еколошки проблеми во национални и меѓународни рамки, а со цел креирање на праведно, фер и одржливо општество. Носители на промената се искусни и квалитетни професионалци во секоја  општествена област.

Како демократска партија, ние се залагаме за зголемување на човековите и демократските права и за Македонија (сега под името Република Северна Македонија) која егзистира меѓу нациите како самостојна унитарна држава која учествува во цивилизациските текови со промоција на сопствените вредности и ги унапредува правата на граѓаните на секој можен начин.

Во Македонија ќе се промовира слободно пазарно општество, слобода на мисла и убедување, слобода на религиозно организирање и граѓанско општество. Уверувањето на членовите на оваа политичка партија е дека сегашниот Устав на Републиката тоа го гарантира. Македонија како рамноправен член на нациите во светот ќе прави се’ што може да ги промовира заедничките цивилизациски вредности  и да ги унапредува правата на граѓаните на секој можен начин

“Твоја партија“ треба да одигра клучна улога при носење на законите и креирање на услови кои водат кон таква цел. Ова е процес кој никогаш не престанува и секогаш може да се подобри или унапреди.

“Твоја партија“ верува во економскиoт раст, можноститe и праведностa. “Твоја партија“ ќe обезбеди нaпpeдокот да биде инклузивен и достапен за сите. “Твоја партија“ нема да се потпира на економија која ги ослободува од данок богатите бизниси, туку ќе има активна улога во Власта, инвестираjќи во човечки капитал и зголемување на акциите на физичкиот капитал на нацијата. Имајќи го предвид порастот на нееднаквоста низ целиот свет и посебно негативниот тренд во Македонија, “Твоја партија“ ќе спроведе политикa за намалување на нееднаквоста, така што семејствата без разлика на потеклото ќe можат да уживаат благосостојба соодветна на 21 век и ќе продолжат да придонесуваат за просперитетот на заедницата.

Генерална цел/визија: изградба на држава по мерка на граѓанинот, во која што луѓето се почитуваат меѓу себе и ја почитуваат природата која што ја споделуваме.

Нашата мисија е да создадемe поеднакво и сеопфатно општество во кое власта ќе има активна улога во потрага по поправилна распределба на политичката и економската моќ, богатството и приходот.

Ние се стремиме кон целосно вработување; со добра, сигурна и добро платена работа достапна за сите кои сакаат да работат. 

Создавање нација на богати, исполнети и слободно мислечки индивидуи кои живеат во праведно општество и уживаат заштита преку законите и институциите. Наша цел е да се урнат бариерите за целосно учество на секого во економскиот и социјалниот живот, така што секој учествува во нашиот просперитет, без оглед на потеклото, социјалната класа или општествен статус.

Во нашата визија тоа е држава во којашто:

1.       Ги знаеме нашите различни истории, култури и традиции, ги почитуваме и развиваме, а нашиот идентитет е сигурен и заштитен (на ниво на етнички и на ниво на национален идентитет);

2.       Почитувањето на индивидуата (со сите права кои и припаѓаат) и индивидуалноста (со сите различности кои ја оддвојуваат од другите индивидуи) претставува принцип во делувањето и се вреднува  уникатниот придонес во заедницата што го дава секоја личност;

3.  Економскиот живот овозможува луѓето да ги задоволат нивните потреби во рамките на природните ограничувања и се обезбедува благосостојба од секаков аспект за сите граѓани;

4. Македонија е држава која што претставува здраво и мирно место за живеење, полно со различности (во општетсвените односи и во природата).  

Во дефинирањето на програмската рамка, Твоја партија тргнува од следниве принципи: 

 1.       Развојот на секоја заедница мора да се одвива чекор по чекор, со цел да биде одржлив и да значи благосостојба на што е можно поголем број луѓе (сега и во иднина) – општествена и еколошка одржливост;

 2.       Човечките и материјалните ресурси се ограничени (како во државата така и пошироко), поради што не е возможен неограничен материјален раст. Поради ова, базичната општествена одговорност е што е можно порамноправна дистрибуција на општествените и природни ресурси (во национални и во глобални рамки) – социјална рамноправност и економска правичност;

 3.     Во своето структуирање и развој, се стимулира политика на потпирање на сопствените сили и можности, а се избегнуваат ситуации на еднострана зависност и потчинување;

 4.       Во процесот на делување и управување се инсистира на професионалност, стручност и одговорност, а лаицизмот се прифаќа само на ниво на исклучок во точно утврдени области;

5.         Во процесот на одлучување се стимулира партиципативноста на граѓаните во рамките на механизмите на парламентарната демократија и партиципативноста на граѓаните реализирана како директно (непосредно) решавање на централно и на локално ниво за сите прашања кои се од нивен непосреден интерес – партиципативна и непосредна (референдумска) демократија, со што се избегнуваат декрети наметнати од еден човек или многу тесна структура во рамките на една партија, и, се формулираат соодветни решенија кои ги задоволуваат манифестираните потреби и интереси;

 6.        Конфликтите се перцепираат како неизбежен елемент во внатрешното и надворешното делување, а нивното менаџирање и ненасилно разрешување претставува принцип на делување кој овозможува одржлив развој на заедницата, рамноправна дистрибуција на ресурсите и понатамошен развој на демократијата;

7.         Унификација по било кој основ е непосакувана и секогаш кога е тоа можно треба да биде заменета со понуда на алтернативни и флексибилни решенија соодветни на различноста на заедницата и индивидуите. Тоа, во областа на законодавството, се одразува како различни решенија за различни категории население со цел постигнување фактичка, а не само формална еднаквост;

8.         Се создаваат услови за искористување на целокупниот интелектуален, професионален и стручен капитал со кој располага државата на најдобар можен начин.

Мисија:          Да изградиме партија којашто соодветствува на модерната партиципативна демократија низ реафирмирање на основните функции на политичките партии: развој на конзистентни политики и владини програми, грижа за барањата на граѓаните и нивно акумулирање во секојдневното дејствување, регрутирање, селектирање и тренирање луѓе за позиции во извршната и законодавната  власт, за мониторинг и контрола над власта.

Ова ќе го постигнеме со:

 1.        Промовирање и поддршка на општествени промени во рамките на нашите програмски определби и низ институциите и механизмите на демократската држава;

 2.       Ангажирање широк круг професионалци и стручњаци во конструктивни дискусии во функција на артикулација и дефинирање на различните потреби и интереси, а со тоа и вклучување на  овие субјекти во процесот на одлучување;

 3.        Промовирање и поддржување алтернативни решенија спротиставувајќи се на неправедни или неодржливи идеи и практики;

4.         Изградба на организација којашто може да мобилизира ресурси со цел продуцирање на промена.

5.         Спротиставување на било кој облик на зависност која понатаму ќе се манифестира како политики и решенија со кои се исплаќаат претходно направени долгови:

6.         Спротиставување на било кој облик на искористување на Партијата или партиите за вработување и/или кариерно и професионално напредување, односно, за добивање бенефиции врз основа и заради учество во работењето на партиските органи.

7.         Намалување или укинување на сите непотребни (нефункционални) бенефиции на носителите на раководни и управувачки позиции во државата.

ПОСЕБНИ ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ

Посебна цел 1

Поставување на  концептот на човекови права и слободи како основен концепт на структуирање и делување на државата

Појдовен став

Нема современа демократска држава без почитување, заштита и промоција на човекови права и нема човекови права без демократска држава

Македонија треба да биде организирана како граѓанско општество. Сите граѓани без разлика на етничката припадност треба да имаат исти права и обврски и да се еднакви пред законот. Етничкото изјаснување не смее да нуди посебни права различни од тие на  припадниците на друга етничка заедница. Етничките малцинства и нивните особености треба да бидат заштитени во својата културна посебност, јазични, образовни и други права, во склад со одредбите од соодветните меѓународни ратификати и национални закони.

Активности со кои треба да се постигне поставената цел:

 1.         Се промовира политика која во секој свој сегмент (процедури, критериуми, резултати) се темели на концептот за човековите права и слободи

 2.         Се носат системски закони за човековите права и слободи и закони базирани на човековите права и слободи

 3.         Се градат институции и механизми за промоција на човековите права и слободи

 4.        Се градат стратегии за санкционирање на непочитувањето на човековите права (институции и механизми за ефективна заштита на човековите права)

5.         Нема отстапки и компромиси во почитувањето и заштитата на базичните права и слободи на човекот

Градење капацитети за овие активности:

 1.         Парламентарците и раководните политички кадри, како и претставниците на медиумите се запознаваат со концептот за човековите права

 2.         Органите за заштита поминуваат задолжителна обука за човековите права

 3.         Се воведуваат “in-service” тренинзи на администрацијата и сите вработени во јавниот сектор за почитување и примена на човековите права во секојдневната работа

4.         Концептот за човекови права и критичкото размислување стануваат задолжителен дел од наставните програми

  Индикатори за постигнатиот резултат:

 1.         Постојат јасно дефинирани институции и процедури за заштита на човековите права и канали за информирање на граѓаните за човековите права и слободи

 2.    Граѓаните имаат едноставен начин да ги дознаат своите права и им стојат на располагање различни начини за нивна заштита со обезбеден достап на заштитните механизми на ранливите групи

 3.        Постои во законите дефинирана,  јасна и недвосмислена одговорност и соодветни и ефективни санкции за непочитување и повреда на човековите права

 4.       Државата има информации и гради активни политики за препознавање и заштита на ранливите групи и нивните потреби и интереси 

 5.         Државата издвојува посебни ресурси наменети за промоција и заштита на човековите права

  6.       Преговарањето, медијацијата и миротворството се примарни начини за разрешување на конфликтите

Посебна цел 2

Владеење на правото

Појдовна претпоставка

Транспарентност и отчетност базирана на однапред поставени критериуми, процедури и правила кои еднакво се применуваат кон сите

Голем број параметри и огромен број на лични искуства покажуваат дека правниот систем во Македонија е нецелосно оформен и е на граница на нефункционалност: голем број закони се носат волунтаристички, често во спротивност еден со друг, се менуваат без реална потреба и соодветно образложение и во целост или во одделни делови се спротивни на Уставот и/или меѓународните ратификати;  управата и полицијата не се поставени да бидат сервис на граѓаните, поради што во контактите со нив најчесто граѓаните се изложени на „дојди утре“ или на повторна виктимизација и трошоци;  судовите работат бавно, нестручно, постојат индиции за слабости на системот кои овозможуваат корумпираност. Има постапки кои се спротивно пресудени по неколку пати на неколку нивоа; правосудните органи се зависни од партиите на власт и нивните решенија многу често се во функција на заштита на партиските интереси; граѓаните искажуваат огромна доза на недоверба спрема правосудните органи.

Потребна е редефиниција на правниот систем и надминување на ваквата состојба на начин што ќе биде траен и ќе може да го издржи тестот на времето.

Активности

Наместо идеализам Твоја партија ќе промовира и развива политички прагматизам

 1.     Ќе се промовира стратегија за доминација на правниот над политичкиот модус со максимално избегнување на ситуациите на употреба на партиското договарање за решавање на правни проблеми – се градат однапред познати правила, процедури и критериуми за спроведување на законските одредби од кои не се отстапува до ниво на ригидност и ќе се стимулира развој на правниот систем врз основа на меритократија и специјализација (вработување и напредување во рамките на системот може да се остварува само врз основа на лична надградба и професионален успех потврден од колегите (peer review) и инструменти на надворешна и внатрешна евалуација). Системот функционира врз основа на претходно изграден механизам со мерливи категории кој ќе спроведува по однос на избор и кариерно напредување. Овие лица ќе уживаат и максимална заштита во однос на правото на одлучување, но во рамка на пропишаните закони. Корективните и механизмите за само-евалуација мора да бидат поставени и да се разгледуваат во рамки на стручната јавност.

 2.     Ќе се гради стратегија за развој на цврста и релевантна законска рамка која произлегува од реалните потреби и интереси на граѓаните, насочена е кон решавање на реалните проблеми, обезбедува континуитет на правното регулирање и правна сигурност која се базира на менување на законите дури во моментот кога ќе ја исцрпат својата функционалност и употребливост;

 3.         Ќе се гради стратегија за хармонизација на законите со концептот за човековите права и со меѓународните стандарди – генерално,  и во одделни области, се гради кохерентен валоризациски систем (пред сé врз основа на искуствата собрани во меѓународните организации или сумирани искуства од повеќе држави и системи, а не како искуства на една држава кои директно се калемат во нашиот систем)

 4.      Ќе се иницираат промени на законите што не ги исполнуваат стандардите, а врз основа на аналитичко следење на нивната примена (по принципот „научени лекции“) со детално разработени образложенија за причините кои создаваат потреба од промена, јасна слика за комплексноста на промената која што се нуди (влијанието на сите допирни полиња, други законски решенија и различни субјекти) и доволно долга процедура на промена која овозможува партиципација на сите заинтересирани субјекти;

 5.     Ќе се промовира градење институции и механизми за заштита на правото на различни нивоа од заедницата (од формален и неформален карактер) – неспроведувањето на законите ќе се казнува дисциплински,  материјално и кривично (со прогресивно зголемување на казните и во зависност од нивото на раководење и одговорност);

 6.     Ќе се промовира принципот на антиреваншизам и негување кадровски континуитет при смена на власта, освен за случаи на (големо) прекршување на законите и утврдена вина за кривични дела а врз основа на индивидуални процедури;

 7.     Ќе се концентрира работата во помал број министерства и ќе се намалуваат сите служби кои се насочени кон обезбедување бенефиции за функционерите во власта, а не кон ефикасно работење на институциите и извршување на нивната примарна должност;

8.         Ќе се стимулира специјализација на правосудството со цел што поефикасна и поадекватна заштита на граѓаните – специјализацијата во разни области на правниот систем мора да биде постигната и постојано да се усовршува во насока на градење судови за спорови од работниот однос, специјализирани судови за мали побарувања / спорови од мала вредност, спорови поврзани со дискриминација и сл.

9.         Ќе се спроведе  комплетна и коренита реформа, како и  драстично редуцирање не кадровската бројност (до ниво на отпуштање на актуелниот состав на судии / јавни обвинители) со стручна надворешна помош

Капацитети

 1.     Се дефинираат институции за спроведување на законите и се утврдува одговорност за неспроведување

 2.     Прекршувањето и  непочитувањето на човековите права и слободи се дефинира и на ниво на дисциплинска повреда, односно прекршок, а потешките прекршувања или прекршувања кои се однесуваат на поголем број луѓе – како кривично дело

 3.     Има кадри кои можат да го спроведуваат правото

 4.     Кадрите се избираат и кариерно напредуваат по однапред воспоставени правила и критериуми врз основа на стручност и компетентност

 5.     Континуирана едукација на професионални кадри (обука на “лидери” и градење професионални политичари, администратори, новинари, експерти итн)

 6.     Департизација на администрацијата со примена на однапред дефинирани правила, процедури и критериуми

 7.     Примена на позитивна дискриминација и афирмативни мерки на државата, базирани врз меѓународните стандарди

8. Постојат подзаконски акти со кои се овозможува имплементација на законите и чие значење се потенцира и обезбедува надминување на “непишаните“ правила, усни наредби и неформални инструкции

9. Постојат однапред  дефинирани контролни механизми и процедури на евалуација (на ниво на самоевалуација и надворешна евалуација) со обврска за спроведување на мерките потребни за надминување на утврдените слабости;

 Индикатори за постигнатиот резултат    

 1.     Законите соодветствуваат на интересите и потребите на граѓаните и на заедницата и не се менуваат на дневна основа

 2.     Законите се базираат на концептот за човекови права

 3.     Постојат однапред дефинирани и соодветни санкции за прекршување на законите кои нудат правична заштита и дестимулираат прекршување на законите и постојат достапни механизми за заштита за секоја категорија луѓе

 4.         Воспоставен е ригиден мерит систем кој е над правичната застапеност (која се применува доследно во случај на избор меѓу двајца кандидати со исти или приближно исти  квалитети) 

 5.         Санкциите еднакво се применуваат на сите – никој не е над законот

6.         Намален број министерства и служби кои не се наменети за извршување на функциите на министерството.

7.         Постојат специјализирани судови кои работат во функција на заштита на граѓаните и нивните права и слободи, а не во функција на заштита на владејачката структура.

8.         Променет е составот на судовите и на јавните обвинителства врз основа на однапред поставени критериуми и мерила

9.         Наместо реваншизам воспоставен е систем на институционалната меморија (со градење соодветни архиви/библиотеки на институционалното знаење) и проекти, со процеси на менторство при промена на вработените, и, посебни тренинг програми на вработените во кои ќе бидат содржани претходните искуства на институцијата

Посебна цел 3

Демократски односи и добро управување

Појдовна претпоставка

Цивилизациски интегративизам и алтернативност 

Одлучувањето во државата не е и не може да биде привилегија на мал број луѓе, а управувањето овозможува демократски донесените одлуки да се спроведуваат во корист на граѓаните и заедницата.

             Активности      

1.     Ќе се гради стратегија за градење на демократските односи во општеството кои се базираат врз постоењето и почитувањето на разликите и се нудат алтернативни и флексибилни решенија кои нудат широк дијапазон на можности соодветен за различни луѓе и заедници.

 2.     Ќе се гради стратегија за изградба на демократските функционални институции со стратегија за остварување на доследна поделба и меѓусебна контрола на власта по принципот на “check and balance”

 3.     Ќе се стимулира граѓанскиот наместо етничкиот пристап, со поддршка на  непосредната демократија во функција на развој на партиципативната демократија како надополнување и контрола на парламентарна демократија

 4.    Ќе се стимулира максимална транспарентност во донесувањето на одлуките (во сите фази од процесот на одлучување) што подразбира достапност на сите информации поврзани со донесување на конкретна легислатива и донесување на законите во редовна постапка (поминување на законите низ сите фази на донесување во функција на проширување на можностите и каналите на влијание на граѓаните во процесот на одлучување)

 5.     Ќе се промовира промена на Законот за политички партии, заради отстранување на квантитативните ограничувања кои стимулираат големи политички партии, наместо политички партии како интересни здружувања на граѓаните во функција на фактичка полипартијност на општетсвото

6.         Ќе се распишуваат точни и прецизни процедури за работењето на секоја институција со јасна назнака за целта на постоење на секоја институција (или министерство), начинот на работа, користа која ја имаат граѓаните  од постоењето на конкретната институција  и мерливост на успехот на соодветната институција (квантитативна и квалитативна).

7.         Вработувањето, кариерното напредување и изборот на раководните кадри ќе биде максимално заштитено од партиското влијане и се базира на принципот на МЕРИТОКРАТИЈА. 

8.         Ќе се стимулира постојано унапредување и развој на методите за добро управување (врз основа на тековните потреби и на граѓаните и моментот во кој се наоѓа општеството, со примена на  корективни акции за да се задоволуваат различните потреби на граѓаните) со искористување на новите технологии, кумулираните искуства, а во насока на намалување на можните канали на корупција

9.         Ќе се промовира јасно разграничување на стручните одлуки од одлуките кои се носат на демократски начин и/или со надгласување (со поставување прецизни рамки на стручното делување и воспоставување контролни механизми преку  процесот на демократското одлучување). Потребата од стручно, професионално и решение базирано на специјализирано знаење, ја претставува границата на демократското одлучување.

10.     Ќе постои одговорна, компетентна  и експертска администрација и политичкиот сегмент задолжително ги користи експертизите на администрацијата, академската заедница и граѓанскиот сектор

11. Во својата работа државните органи ќе се базираат на принципите на отчетност, законитост, одговорност, квалитет и најмал трошок за граѓаните

12. Вредностите на јавната администрација, принципите за вработување во јавната администрација и начелата на однесување на јавната администрација ќе го поставуваат стандардот на однесување што се очекува од раководителите на агенциите и вработените во јавните служби. Овие вредности ја обезбедуваат довербата на јавноста во начинот на однесување на јавните службеници, вклучувајќи го и извршување на овластувањата при исполнување на целите на Владата.

Капацитети                                                                                         

  1. Постојат механизми за изразување на мислењето, и граѓаните знаат и можат да ги употребуваат и во Законот за референдуми се прецизираат процедури кои обезбедуваат влијание на граѓаните со тоа што се прецизираат елементи на разликување меѓу стручните одлуки и одлучувањето на граѓаните
  2. Граѓаните се запознаваат со предметот на одлучување преку алтернативни методи (тркалезни маси, расправи, презентации) на различни нивоа од донесувањето на одлуките и постојат институти за партиципација на граѓаните во одлучувањето

 3.         Се градат независни институции задолжени за редовно мерење на јавното мислење и на ставовите на граѓаните и се практикува јавна расправа при донесувањето на одлуките на сите нивоа на власта и во рамките на форми на општествената заедница (јавни дебати)

 4.         Постои систем за утврдување на непосредна лична одговорност од доносителите на одлуките и се развиваат нови видови меѓусебна контрола на сегментите на власта.

 5.         Јавниот сектор е заштитен од партиското влијание и се формулираат креативни методи за евалуација на постигнатото и корективни акции (врз основа на претходно јасно определена цел на постоењето на соодветната институција, рок на работа ако има таков и најважно, мерливи критериуми за успешност на институцијата)

6.         Се негува професионалност во работењето на сите нивоa на државната администрација (на локално и централно ниво); се воспоставува правичен и логичен систем за исплата на администрацијата, во склад со нивните квалификации и одговорности; се воспоставуваат принципи на работење на јавната администрација, а начелата на јавната администрација се структуирани околу трите професионални односи кои се централен дел од работата во јавниот сервис: односи со Владата и со парламентот; со граѓаните како корисници на услугите и со јавноста како основен контролор; и со колегите во јавниот сервис.

7.         Се дефинираат постојани канали на комуникација меѓу одделните сегменти на власт

8.         Ќе се воспостават принципи  при вработување во државната администрација: одлуки за вработување со фер систем на ревизија; одлуки во врска со вработување и унапредување кои се засноваат на заслуги; се бара ефикасно работење од секој вработен;   флексибилни, безбедни и унапредувачки работни места каде што се вреднува комуникацијата, консултациите, соработката и придонесот од вработените за работи што влијаат на нивните работни места;  работни места без дискриминација, заштита и фаворизирање; се препознава различноста на македонската заедница и се промовира и негува различноста на работното место.

9.         Се гради систем на кој овозможува дистрибуција на овластувањата (без да биде нарушен принципот на одговорност) како клучен елемент во работењето на државните институции како комплексни механизми наместо концентрација на работењето и одлучувањето во тесен круг луѓе

  Индикатори за постигнатиот резултат

 1.       Гарантирано е правото на партиципација и граѓаните учествуваат во процесите на одлучување

 2.       Постои јасна поделба на власта и канали за меѓусебна контрола

 3.       Има редовни и слободни избори кои се изведуваат во демократска атмосфера

 4.       Гарантирана е слободата на здружување (посебно на политичкото)

 5.       Обезбедено е претставување на интересите на малцинските заедници

6.        Граѓаните се сигурни дека нивните базични потреби ќе бидат задоволени, и дека тие имаат време, ресурси и можност да партиципираат во нивните заедници и да ги развиваат своите потенцијали

7.         Потребите и интересите на граѓаните се задоволени на најсоодветен, најефикасен и најевтин начин.

8.         Јавната администрација е: непристрасна (аполитичка и и’ дава на Владата совети што се искрени, отворени, навремени и базирани врз најдобрите достапни докази), посветена услуга (професионална, објективна, иновативна и ефикасна), одговорна (пред граѓаните), ги почитува сите луѓе, вклучително и нивните права и нивното културно наследство.

9.         Постои кодекс за однесување на јавната администрација кој е обврзувачки и претставува дел од елементите за кариерно напредување.

Посебна цел 4

Економски развој  базиран на човековите права  

Појдовна претпоставка

Не е возможен стабилен мир во општество со големи нееднаквости

Македонија има потреба од економска политика која ќе ги поттикнува инвестициите и постојани реформи и економски менаџмент со цел да се зголеми продуктивноста и создавaњe добро платени и долготрајни работни места.  

Појдовни премиси неопходни за раст на економскиот развој на државата се: намалување на нееднаквоста, модернизација на инфраструктурата, транзиција кон чиста енергија, инвестирање во вештини и иновации и креирање поправичен даночен систем. Ние треба да создаваме нови извори на раст за да креираме нови работни места. Преголемата нееднаквост го нарушува економскиoт раст и ја оштетува социјалната структура и заради тоа економскиот раст треба да ги вклучи сите.

Во услови на неразвиена и подложна на внатрешни и надворешни потреси економска база, континуирани проблеми со анимирање на производството и одлив на висококвалификуваната работна сила, неопходно е умерено до значајно вклучување на државата во економијата, во насока на заживување на производството и воспоставување темели на здрава пазарна економија. Компаниите, организациите и поединците се движечка сила зад иновациите, но, Власттa може и треба тоа да го овозможи и олесни.

Економијата на Македонија има потреба од капитал и старт-ап инвеститори во духoт на претприемаштвотo. Отворени пазари, со рамка на про-конкурентни правила, обезбедуваат најдобри стимуланси за иновации, претприемаштво, инвестиции и напорнa работа. Тоа не се судрува со работата на Владата како добар домаќин во областите на националните богатства и ресурси. Напротив, инвестициите се ставаат во функција на поддршка на заедничкото во државата.

Можностите и праведноста се од суштинско значење за економскиот пристап: економската политика треба да создаде можности и власта треба да ги направи овие можности достапни за сите.

Долгорочниот просперитет зависи од успешно натпреварување на пазарите на глобално ниво. Македонија мора да произведува добра и услуги со висок квалитет што светот ќe сака да ги купи и да ги отстрани бариерите за европските и прекуокеанските пазари.

Политика 

 1.         Градење политика која  ќе обезбеди  силен раст на вработеноста во сите сектори (насочен кон постигнување полна вработеност) во функција на постигнување економскиот раст што ќе ги хармонизира човечките потреби, постоечките ресурси и работата.  Статусот, етничката или некоја друга припадност не треба да ја ограничува способноста на индивидуите за раст и искористување на нивниот целосен потенцијал. Силна економија овозможува да се испорачaaт програми и услуги кои им се потребни нa сите и да ги поддржуваат најранливите категории граѓани. Придобивките на економскиот раст треба да се дистрибуирaaт преку економијата на оние со ниски плати, без работа или кои зависат од социјалните парични додатоци. Власта треба да им овозможи на сите луѓе со различно потекло и во различни околности да придонесуваат кон економскиoт развој и да имаат корист од тоа.

2.          Наместо нивна дисперзија, развој на стратегија на концентрација на економските односи со странство и градење стратегија за обезбедување надворешни инвестиции што водат сметка за човековите права и специфичните потреби на граѓаните на Македонија

 3.         Градење политика со која се промовира квалитетот за сметка на квантитетот и се базира на искористување на субјективните предности на Македонија. Отвореноста на Македонија кон глобалната економија која ќе ja направи поконкурентнa, пoпродуктивнa и просперитетнa.  Обезбедување на развојoт и обукатa на вештини, инфраструктурнотo планирање, даноцитe и регулативнитe рамки кои не ги стопираат деловните субјекти и работниците од постигнувањетo на целосниот потенцијал на глобалните пазари, ниту пак оневозможува фер удел во придобивките на раст на истите.

 4.         Градење политика којашто ќе ја стимулира регенерацијата (на индивидуи, заедници и екосистеми) за сметка на акумулацијата (независно од тоа дали се работи за пари или за материјали). “Твоја партија“ ќе соработува со економските агенции и заедницата за да развие поширок пакет мерки за економски перформанси и социјален напредок кој ќе ги надополни традиционалните мерки, како што се бројките на вкупниот општествен производ (БДП), мерките за напредокот во социјалната благосостојба, како и мерките на економската, животната средина, и социјална одржливост. Исто така, ќе работи за да обезбеди соодветно мерење на технолошкиот напредок и економската активност генерирана преку Интернет. Претераното фокусирање на националниот просек може да ги замаскира мерките на нееднаквост, кои значително пораснаа во текот на изминатата генерација. “Твоја партија“ верува во раст што им користи на многумина, а не само на неколкумина.

 5.         Промовирање политика која што креира позитивни алтернативи, флексибилни поврзувања и неортодоксни решенија. Пазарите треба да помогнат во поттикнување на економскиот раст и зголемувањето на животниот стандард. Сите пазари се базираат на законски рамки и се потпрени на јавни инвестиции во форма на физички и човечки капитал. Пазарите постојат за да им служат на заедниците, а властта може и треба да преземе активни облици и дополнување на пазарите за поддршка на демократско, просперитетно и инклузивно општество. Пазарот често ќе создава наједнакви и ефикасни дистрибуции на моќ, богатство и услуги, но пазарите понекогаш не успеваат. “Твоја партија“ поддржува активна улога на власта во справувањето со неуспехот на пазарот и подобрување на правичноста, промовирање еднаквост и социјална правда преку целиот спектар инструменти на владината политика, вклучувајќи трошење, оданочување, регулирање и обезбедување добра и услуги. Силните регулаторни рамки и во глобалната и во македонската економија се значајни за да се обезбеди конкурентските пазари да работат со транспарентност и отвореност, да се спречат и изложуваат на лошо однесување и да се спротивстават на монополската моќ. Владата треба да интервенира за да се справи со недоследностите на пазарот. Власта треба да дејствува за да се осигури дека македонската економија станува се’ повеќе диверзифицирана напредна економија – бизнис по бизнис и регион по регион – преку обезбедување најдобра светска инфраструктура, поддршка на стратешки индустрии, промовирање вештини, надминување на бариерите за раст и поддршка на науката и иновациите.

 6.     Промоција на образованието како инвестициска, а не потрошувачка ставка во буџетот (колку повеќе се вложува во системот на образование, толку подобро и побрзо се креираат можности за зголемување на приходите на граѓаните и целото општество). Иновациите, науката и комерцијализацијата на научните достигнувања се од суштинско значење за оддржливиот економски развој.  Работниците и даночните обврзници треба да ги искористат придобивките од овие иновации преку приоретизирање на добра и сигурна работа, испитување на аранжманите за заедничка сопственост и даночни правила што го одржуваат богатството во македонската економија.

 7.         Поддршка на градењето јаки локални економии кои нудат трајна сигурност и поддржуваат функционални човечки заедници. Бидејќи технологијата ја менува економијата, таа исто така го менува и  начинот на кој работиме. Треба да ги подготвиме граѓаните на Македонија за овие промени, со подигање на вештините и охрабрување на начинот за фер транзиција. Законите за работното место мора да бидат во чекор со растот на економијата и другите форми на работа по барање, за да се осигури дека работните места во иднина се безбедни и добро платени.

8.         Давање предност на домашната бизнис заедница врз странскиот капитал со цел намалување на одливот на профитот и континуирано вложување во постепен развој и раст на економијата. Посебна поддршка на малите и средните домашни претпријатија и бизниси кои овозможуваат вработување врз основа на хуман однос меѓу инволвираните субјекти и отсуство на екстремна експлоатација.

 9.         Стратегија за обезбедување долгорочна одржливост на земјоделството како суштинско во развојот на економијата на Република Македонија (било преку поддршка на руралниот развој или поддршка на развојот на индустријализираното земјоделие, што треба да биде резултат на претходно усвоена стратегија базирана на научно фундирани параметри).

10.       Редефиниција на даночниот систем,  на начин што ќе ги следи реалните текови на пари за да може државата да приходува (оданочување врз основа на остварен приход) и обезбедување соодветна дистрибуција на капиталот во која доминантен удел ќе имаат работниците.

11.       Креирање буџет на Државата прилагоден кон потребите и можностите на економијата, како и кон преземените обврски на државата кон странски и домашни кредитори со прецизно определени ставки на вложување и развој кои го оправдуваат буџетскиот дефицит.  Силните и одржливи јавни финансии се од суштинско значење за финансирање на прогресивна политика во иднина. Секој граѓанин на Македонија треба да бидe во можност да придонесe и да има корист од економскиот раст и создавање богатство преку фер систем на даноци, квалитетни јавни услуги, еднакви можности за образование и пристоjнa мрежа за социјално осигурување. Заложба за одржување соодветна основа за приходи, умнo буџетско управување и зголемена продуктивност ќе обезбедат универзален пристап за идните генерации до виталните услуги во здравството, образованието и социјалните услуги. 

12.       Идентификување на климатските промени како значаен ризик по економскиот раст 

13.       Соодветни и доволни издвојувања за јавниот сектор и овозможување социјална политика која обезбедува достоинствен живот за секој граѓанин

14.       Работните места и заедниците кои ja поддржуваат и ја ценат различноста и се ослободени од дискриминација се попродуктивни. Дискриминацијата во сите форми им штети на економијата и општеството. “Твоја партија“ ќе обезбеди сите граѓани на Македонија да имаат можност да живеат и работат без дискриминација и ќе спроведат стратегии за овозможување на различноста на работното место. Ова секако вклучува луѓе со семејства и лица негуватели, како жени така и мажи (забележувајќи дека многу работни места се многу родово поделени), луѓе со инвалидитет, луѓе од ЛГБТ заедницата и луѓе од различно религиозно, културно и јазично потекло.

Капацитети                                                                                             

 1.         Изградба енергетски капацитети кои се потпираат врз користењето на чисти и обновливи извори на енергија и калкулирање на искористувањето на природните ресурси во цената на чинењето како трошок и изградба соодветни (еколошки прифатливи) механизми за искористување на отпадот како енергетски извор

 2.         Градење (образование) кадар кој ги знае Милениумските цели на Обединетите нации и принципите на самоодржливата зелена економија

 3.         Поттикнување научни истражувања и студии за ефектите од различни видови економски пристап на животот и добросостојбата на луѓето

 4.         Воспоставување контакт со стручњаци од областа на зелената економија,  изградба модел за умерена потрошувачка на добрата и услугите поддржан од чисти технологии и прифаќање исклучиво еколошки позитивни и верифицирани нови технологии

5.         Засилени инвестиции во патна и транспортна инфраструктура како предуслов за економскиот развој.

6.         Обезбедување одржлив развој со стимулирање државна сопственост над природните ресурси (води, шуми, минерали) и со државни инвестиции во стратешките добра

7.         Претпочитан механизам за финансирање долгорочни инфраструктурни инвестиции е долгорочното државно позајмување 

 8.     Осмислена даночна стапка (функционално, а не персонално дефинирана) која обезбедува соодветно димензионирање на буџетот на државата и е насочена кон намалување на разликите меѓу богатите и сиромашните.

 7.     Поддршка на кооперативното партнерство меѓу државата, агробизнисот, земјосопствениците и заедниците, со цел имплементација на одржлив земјоделски систем, методи и функционално поврзани индустрии

 8.         Прифаќање мерки и прилагодувања предложени од ММФ и од Светската банка кои не се спротивни на заштитата на човековите права

   Индикатори за постигнатиот резултат

 1.     Човекот е централен субјект, активен партиципиент, сопственик, управувач и корисник на развојот 

 2.     Постои систем од стимулации за еколошки и напредни технологии

 3.    Постигната е макроекономска стабилност која ги обезбедува  можностите на идните генерации и одговара на социјалните и еколошки потреби

 4.     Воспоставена е рационална употреба, регенерација и рехабилитација на природните богатства

 5.     Создадени се услови за потполно вработување

 6.      Граѓаните се свесни за почвата, воздухот, водата, енергијата и материјалите што ги употребуваме: знаат како да ги употребуваат одржливо и преземаат одговорност за тоа

 7.     Државата го мери економскиот успех преку квалитетот на животот и човечката и еколошката добросостојба

 8.     Енергетските побарувања се задоволуваат од обновливи извори

 9.     Отпадот станува извор на енергија   

10.       Науката и технологијата им служат на потребите на човекот и на биосферата во етички рамки 

Посебна цел (5)

Социјална сигурност, интеграција и заштита на ранливи групи граѓани

Појдовна претпоставка

Материјалната сигурност е право   

Остварувањето на уставно предвидениот прерогатив на државата како социјална претставува појдовна точка во градењето систем од заштитни и промотивни механизми кои обезбедуваат достоинствен живот на секој граѓанин на Македонија.

Активности

 1.     Иницирање промени во Уставот во насока на прецизирање на гаранцијата за социјалната сигурност на граѓаните

 2.     Реформа на системот на социјална  заштита со јасно дефиниран приоритет кон обезбедување и зголемување на социјалната сигурност на граѓаните

 3.      Изградба стратегија за обезбедување социјална сигурност на ранливи групи (деца, стари, жени, лица со попреченост, хронични болни) со посебно внимание на можните финансиски издатоци поврзани со судски процедури, процедури на извршување и казнено-воспитни мерки.

 4.     Градење стратегии за обезбедување работа за сите работоспособни граѓани без оглед на полот и на возраста

 5.     Градење стратегии за обезбедување услови за активен живот и инклузија на лицата со попреченост и искористување на интелектуалниот и работен потенцијал на секој човек

 6.     Буџетски промени насочени кон благосостојбата на граѓаните (адаптација на годишниот буџет, редистрибуција на буџетските алокации и дефинирање на издвојувањата непосредно поврзани со подигање на добросостојбата на граѓаните) 

 7.     Градење стратегија за обезбедување на правата на: храна, домување, работа, образование, здравје и развој (домувањето се обезбедува како дел од нужниот минимум преку категоријата социјални станови – во трајна сопственост на државата а согласно потребите на индивидуите и семејствата)

 8.         Градење стратегија за елиминирање на формалната и функционалната  неписменост

9.         Градење систем од заштитни мерки за вработените (заштита при работа, флексибилни решенија за обезбедување баланс меѓу семејниот и работниот живот, алтернативно прилагодување на работниот простор и работното време)

Капацитети                                                                                  

1.   Соодветни буџетски издвојувања за достигнување на европските стандарди на социјална заштита

2.   Образование на кадри што би одговориле на потребите на граѓаните

3.  Се дефинираат минимум стандарди што треба да бидат исполнети (поддршка на депривилегираните лица и заедници низ посебен развој на јавното домување, здравствените услуги, образованието и програмите за јавен транспорт)

4.         Формирање висококвалитетни услужни агенции кои пружаат социјални услуги (искористување неформални и алтернативни решенија на поддршка на одделни категории граѓани)

5.         Развој на суштинските услужни дејности и сервиси како јавни, наместо приватни установи и избегнување на приватно-јавното партнерство кога станува збор за најранливите групи граѓани и пружање бесплатни комунални услуги како услов за достоинствен живот.                                                         

6.         Воспоставување партнерство меѓу државата, приватниот сектор и цивилното општество во идентификувањето на стратегиите за обезбедување социјална сигурност и зголемување на примарната здравствена заштита заради обезбедување на полесен достап на сите до соодветна здравствена заштита   

7.         Развој на заштитни механизми (посебен сет мерки како брана од деформации преку развој на посебни правила и процедури)         

8.         Обезбедување ефективни заштитни механизми за вработените

Индикатори за постигнатиот резултат

1.         Борбата со сиромаштијата е поставена на ниво на највисок приоритет

2.         Постои праведна распределба на богатството на државата, и секој човек има шанса да учествува во општествениот живот

3.         На граѓаните им се обезбедени храна, дом, образование, здравствена заштита и развој како основа на фактичката а не формална еднаквост на шансите

4.         Обезбедена е заштита на ранливите групи

5.         Обезбедено е преживување и развој на секое дете

6.         Обезбедени се услови за потполно вработување и гарантирана плата над „потрошувачката кошничка“

7.         Заштитени се работните права и заштитни механизми со примена на меѓународни работни стандарди

8.         Обезбедени услови за активна и удобна старост

9.         Сите услужни институции се достапни на сите граѓани, луѓето со попреченост се видливи во секојдневното живеење и активно учествуваат во живото на заедницата

Посебна цел 6

Емпириски конструктивизам во надворешната политика         

Појдовна претпоставка

Континуитет на државно, а не на партиско ниво

Преспанската спогодба и уставните промени ја доведоа Северна Македонија во ситуација на целосно редефинирање на својата надворешна политика и потреба од реформа на надворешно политичките служби.

Значаен сегмент на оваа реформа претставува професионализацијата на дипломатската служба, градење нов регионален пристап и системски промени со цел адресирање на вредносните параметри на НАТО и ЕУ структурите.

Активности

 1.     Стратегија базирана на човековите права и редемократизација на меѓународните односи како вредносен систем (суштински интерес на Македонија е да гради надворешна политика којашто се залага за повторно воспоставување на демократските принципи на структуирање на меѓународната заедница – една држава еден глас. Од ова зависи и односот што ќе се вопостави со одделни држави).

 2.     Интересно поврзување во стратешки партнерства кои овој вредносен систем го поддржуваат во светски размери

 3.     Стратегија за градење флексибилно позиционирање во меѓународните институции – отвореност за различни опции и формирање сопствено мислење за сите релевантни меѓународни појави, како систем што може самостојно да опстојува независно од коњуктурата во меѓународните односи

 4.     Стимулирање и поддршка на ненасилната политика во светски размери (отворено спротиставување на методологијата на насилство). Се фаворизираат дипломатски односи со земји кои се залагаат за ненасилство во меѓународните односи. Образложената листа на такви земји се ажурира со годишна динамика

 5.     Стимулирање на партнерства со рамноправни на себе – заради заеднички настап. Работата на дипломатско- конзуларните функционери се оценува преку степенот на нивната успешност да одржуваат редовна соработка со хомолозите на земји што ја поддржуваат рамноправноста во односите со Македонија. Кругот на таквата групираност се дефинира согласно со поставеноста во резидентниот микрорегион

 6.     Развој на стратегии за градење / возобновување на партнерствата на ниво на Балканот како регион – се градат долгорочни односи на партнерство и соработка преку „пакет“ од политичко-економски-кооперативни билатерални и регионални договори             

Капацитети                                                                                        

 1.       Развивање силно, аналитички високоспособно Министерство за надворешни работи – се применува систем на редовна и периодична ревалоризација на оценките за поставеноста на субјектите во меѓународната заедница спрема суштинските критериуми на демократските меѓународни односи во корелација со поставеноста спрема Македонија, и врз основа на тоа редовно се применува принципот на материјален реципроцитет, а само исклучително се применува принципот на формален реципроцитет

 2.       Редукција на дипломатско-конзуларната мрежа и нејзино професионализирање и подредување во сите работни сегменти на централата лоцирана во МНР, меѓутоа максимално се користи националната „квота“ за застапеност во меѓународните владини организации и активно учество во суштествените работни тела

 3.       Развој на правната помош и советништво, како основни алатки на дипломатско-конзуларната грижа за граѓанинот (правно советништво и заштита на интересите преку интервенција во однос на странските застапници и адвокати – бесплатно и по службена должност).

4.         Развивање мрежа од интегрирани пунктови што се занимаваат со меѓународните односи во Собранието, другите органи на управа, како и универзитетско-цивилни центри

5.         Министерство за надворешни работи кое е насочено не кон концентрација, туку кон координација на надворешно-политичките активности и соработка (таквата координација ги опфаќа и невладиниот и бизнис секторот)

Индикатори за постигнатиот резултат

 1.      Меѓународните односи со соседите и пошироката меѓународна заедница се нормализирани и ставени во функција на   развој и напредок на државата, а не нејзино изолирање и стагнација.

 2.      Во меѓународните односи се настапува со сопствени видувања, ставови и идеи

 3.      Се застапуваат праведни решенија  кои се базираат на концептот за човековите права и основни слободи и рамноправен третман на нациите и индивидуите

 4.      Постои отвореност за прагматични решенија кои обезбедуваат услови за постигнување благосостојба на граѓаните на Македонија во актуелниот момент, а не само како идеја кон која се стремиме

 5.      Се прилагодуваме и ги користиме  меѓународните искуства во сите домени на општествениот живот (без нивно симплификување и неселективна примена, туку со соодветно прилагодување на посебностите на Македонија)

6.   Се поддржуваат глобалните напори за еколошки интегритет, мир, правда и човекови права

Посебна цел 7

Образование за 21 век

 Појдовна претпоставка

Образованието е основно право на секој граѓанин и базична обврска за државата

Образованието е суштински елемент на демократското општетсво и демократското управување.

Образованието (на сите нивоа и во сите форми),  истражувањето и иновациите се клучни фактори во ревитализацијата на националната економија и создавањето услови за добросостојба на граѓаните. Уникатна ситуација на Македонија – како мала земја со мало население, како чувар на кревки екосистеми, со развиена, одговорна демократија – бара да инвестираме во науката и истражувањето што ќе ја поддржи благосостојбата на Македонија во 21от век. Го препознаваме императивот на искористување нови идеи, процеси и технологии во корист на сите граѓани на Македонија.

На Македонија не и’ е потребен образовен систем кој единствено ќе создава квалификувани работници кои можат да заземат високо-технолошки, високо квалификувани работни места во иднината туку образование кое секому ќе му даде знаење и вештини  кои ќе му овозможат полно учество во општеството и исполнет живот.   

„Твоја“ поддржува градење сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование во чиј центар се наоѓа ученикот, во кое ќе се развиваат современи програми кои ќе нудат  знаења, вештини и компетенции кои соодветствуваат на потребите на едно демократско и мултикултурно општество, кои се барани на пазарот на трудот и ги подготвуваат граѓаните на Македонија за новите предизвици во глобални размери.

Активности

1. Еднаков пристап на сите граѓани до квалитетно образование на сите нивоа од образованието со посебна поддршка на ранливите групи а со цел постигнување на фактичка еднаквост на шансите на секој граѓанин на Македонија

2.  Образование кое промовира еднаквост, инклузивност, мултикултурализам, социјална и емоционална благосостојба, родова еднаквост, почитување на различностите по било која основа и одговорност кон заедницата.   

3. Стимулирање образование од најрана возраст и негово приближување до секое дете независно од местото на раѓање и живеење.

4. Високо образование кое е избор, а не нужно продолжение на образованието

5. Создавање образовен систем кој овозможува достигнување на највисокиот индивидуален потенцијал на секој поединец и вреднување на различните вештини и знаења

6. Образование кое дава вештини  за искористување на севкупното светско знаење, а не се сведува на учење податоци и кое нуди содржини релевантни за  формирање продуктивни и ангажирани граѓани, за прифаќање на мултикултурализмот, почитувањето на различностите и демократските вредности;

7. Градење стратегии за заштита на националното (интелектуалното) богатство и на националните брендови и развој на национален систем на брендови (врвни културно-уметнички поединци и дела) како конгломерат од различните култури кои живеат на просторот на Македонија

8. Промоција на законска заштита на македонскиот јазик како алатка за комуникација и негување на различните јазици како дел од културната разноликост на Македонија         

9. Примена на европски критериуми при отворањето нови високообразовни институции.

10. Внесување на знаењата за климатските промени и вештините за справување со истите, како и знаењата за заштитата на животната средина во основните програми на секое ниво од образование.

Капацитети                                                                                         

1.   Развивање образовен систем кој поддржува алтернативност и флексибилност и различни типови на училишта кои ќе одговараат на оваа различност. Ревизија на учебниците и професионално и стручно изработување на нови   учебници (вметнување различни содржини кои се насочени кон промоција на различни вештини, како критичко мислење, решавање проблеми, соработка, тимска работа)

 2.   Промовирање на принципот на мали училишта (не го опфаќа високото образование) и потполно искористување на ресурсите на заедницата  и поддршка на училиштата и наставниците во функција на обезбедување квалитетно образование, недискриминација и еднаков пристап до образование

 3.  Вложување во образованието како облик на инвестиција и редистрибуција на средствата согласно потребите на училиштата, а не врз основа на просто квантификување

4.  Развивање на капацитетите на човечките ресурси, вклучувајќи ги раководните лица, наставниот кадар и стручните служби пропратено со ниво на плати кои соодветствуваат на приходите на среден менаџерски кадар во јавниот и приватниот сектор

 4. Вмрежување во светските научни и образовни структури  не со копирање на истите, туку со искористување на позитивните искуства и нивно поврзување со сопствените позитивни искуства

5. Воведување блок-дотации за финансирање на сите нивоа на образование (вклучително и високото) кои овозможуваат автономија на образовните институции и нивен развој и овозможуваат простор за прилагодување на специфичните потреби на заедниците

6. Внесување на еколошката одржливост во курикулумите на сите нивоа од образованието (сите идни курикулуми да бидат изработени со внесување на перспективата на подигање на еколошката писменост)

7. Намалување на наставните програми и развој на дополнителни содржини насочени кон развој на вредности и вештини, по принципот: помалку часови подолг престој во училиште.

 Индикатори за постигнатиот резултат 

 1.       Знаењето и вештините се перцепираат, се основа за кариерното напредување  и се вреднуваат во сите сегменти на општественото живеење  

 2.       Граѓаните знаат како, и ги користат различните извори на информации

3.         Образованието го предводи развојот на заедницата

4.         Економијата добива кадри кои располагаат со потребните знаења и вештини

5.         Образовниот систем на Македонија е компатибилен со европските образовни системи

Посебна цел 8

Заштита и унапредување на животната средина

 Појдовна претпоставка

Животната средина во Македонија е мртва и таа треба да се реанимира

Климатските промени претставуваат клучен предизвик на глобално и на национално ниво и дојден е моментот да се обединат сите субјекти во државата околу визијата за зелената иднина. Климатските промени се глобални, меѓутоа ние треба да делуваме локално. Ова е еден од камен темелниците на опстојувањето на идните генерации и прашање кое не смее да биде решавано во дисконтинуитет зависно од моменталната владејачка структура. Секоја политичка гарнитура мора да разбере дека заштитата на животната средина не е моментално помодарство или убав додаток на другите политички содржини, туку суштина на политичкото делување на сегашните и идните генерации.

Борбата со климатските промени е глобална, меѓутоа се води на национално и на индивидуално ниво. И не трпи компромиси затоа што одамна помина времето за компромиси.

Секоја активност на „Твоја партија“ ќе ги има предвид еколошките ограничувања поврзани со капацитетите и можностите на средината во која живееме (лимитирани природни ресурси со кои располага државата и планетта).  Ова ќе се базира на прифаќање на фактот дека човечкото општество зависи од природните ресурси  и на потребата од обезбедување на интегритетот на екосистемите и заштитата на биодиверзитетот.

Самоодржливост и заштита на животната средина ориентирана кон: унапредување на технологијата со цел за еколошко работење, креирање регулативи за рециклирање и заштита на околината и постигнување енергетска независност и реинтеграција на еколошката димензија во економското делување.

Обновувањето на нашите енергетски системи е потребно за да се формира стабилната база на средства за производство на електрична енергија, која станува се повеќе несигурна и се приближува кон крајот на својот технички живот. „Твоја партија“ ќе обезбеди доволно инвестиции во новата генерација за да ги замени основните средства кои неизбежно ќе се пензионираат, како и да обезбеди енергија која ќе e достапнa, сигурнa и ќe го намали загадувањето.

Македонија во моментот ги доживува ефектите од климатските промени и тие стануваат дел од секојдневното живеење и дел од економските политики и образовните политики и здравствените политики и политиките поврзани со безбедноста на државата и борбата со сиромаштијата и борбата за социјална правда. Помагањето на заедниците да се прилагодат на променливата клима е неопходно за да го прифатат намалyвањето на вода и другите ресурси,  потоплите просечни температури и почестите и интензивни екстремни временски настани.

Активности

 1. Борбата со климатските промени ќе ја издигнеме на ниво на апсолутен приоритет (сознанијата и знаењата за климатските промени и специфичниот импакт на овие промени врз Македонија, врз економијата и секојдневното живеење на граѓаните ќе  се диссеминираат и употребуваат во процесите на одлучување). Ќе градиме политики за намалување на учеството на човекот во климатските промени и ќе поддржуваме одржливи стилови на живеење кои ја намалуваат консумацијата на енергија и се вртат кон користење на продуктите и можностите на средината во која се живее (so создавање на климатски паметно општетство во кое секоја единка и заедницата во целина е насочена кон воспоставување рамнотежа со природната средина во која опстојува, ја чува, одржува и развива оваа средина и ги препознава и разрешува активностите кои можат да и наштетат).

2.  Тргнуваме од фактот дека животната средина во Македонија е мртва и ќе работиме  на тоа таа да се реанимира, со сите средства кои ни стојат на располагање – со постојано зголемување на зелените површини, заштита на ендемски видови растенија и животни со проширување на заштитените подрачја, забрана на издавање дозволи за градење и забрана за легализација на дивоградби кои на било кој начин ја загрозуваат животната средина, отстранување на што е можно поголем број  објекти кои негативно влијаат врз животната средина). Започнување широка акција за ревитализација на опустошените простори на државата,  донесување решенија во склад со реонски планови за одржување и зголемување на биодиверзитетот и екосистемите.

3. Стратегија базирана на човековите права  и третман на заштитата на животната средина како базично човеково право и долгорочно планирање на развојот на економијата кој соодветствува на климатските промени и ќе придонесува за намалување на негативните последици од истите. Ова ќе се постигне со инвестирање во зелена економија, во истражувања и иновации кои ќе обезбедат иднина без фосилни горива и нуклеарна енергија.

4. Препознавање на чистиот воздух и чистата вода како основни права на човекот и градење стратегии за издигнување на водата и водните ресурси на ниво на заштитено  јавно добро за кое се воспоставува посебен систем на управување и користење.

5. Воведување мерки со кои се обезбедува – 100% забрана на неоправдана сеча на шума (независно од нивото на заштита на соодветното подрачје, исклучително високи  казни за сеча/уништување/палење шуми и било кој друг облик на загадување на животната средина) и на дрвја во урбаните средини и прилагодување на генералниот и деталните урбанистички планови кон заштита на зеленилото и негово ширење во урбаните средини

6. Воспоставување циркуларна економија која го минимизира трошењето на природните ресурси и подразбира инволвирање на државата во заштитата на долгоричниот јавен интерес наспроти краткорочните поединечни интереси. Ќе понудиме решенија за комплексно справување со сметот (забрана на увоз на било каков смет за било која намена, менаџирање на сметот на највисок можен степен на искористување и искористување на сметот за добивање енергија со употреба на најсовремена технологија за филтрирање и пречистување)

7. Ќе стимулираме и обезбедиме соодветно градење инфраструктура (почнувајќи со преиспитување на сите до сега направени јавни работи/патишта од аспект на нивниот квалитет,  изградба на железници/патишта за поврзување на што е можно поголем број населени места во функционална целина која ќе овозможи растоварување на главниот град и заживување на останатиот дел од државата,  мобилност на населението и транспорт на стоки која не ја загрозува животната средина). Ќе се стимулира изградба локални патишта и лесен пристап до земјоделските површини кои се обработуваат.

8. Ќе се гради стратегија за зголемување на улогата на обновливата енергија со максимално намалување на производството и употребата на фосилни горива (максимално намалување на употребата на фосилни горива и потполно исфрлање на јагленот од употреба) и употреба на чисти енергии – сонце, ветер (демократизација во пристапот кон сончевата енергија која ќе овозможи граѓаните директно да бенефицираат од искористувањето на сончевата енергија), насочување на заедницата кон употреба на обновливи извори на енергија. Водата, како обновлив ресурс, ќе се користи во рамките на нејзината повеќедимензионална улога како, на пример, ресурс за пиење, рибарство, туризам и како екосистем со улоги за прочистување, наводнување и биодиверзитет.

9. Ќе изградиме посебна даночна политика во однос на урбаното градење (стимулирање на децентрализацијата во живеењето, драстични разлики во даноците поврзани со поседувањето на станови во кои не се живее, создавање услови за урбано живеење во помалите места и села)

10. Внесување на систем од поддршка награди за заштитата на животната средина и ригорозни казни за прекршување на легислативата поврзана со заштита на животната средина и за било кој облик на деградација на животната средина.

Капацитети                                                                                         

  1.  Реанимирано Министерство за животна средина (како самостојно или како дел од заедничко министерство за економија, иновации и образование) кое води агресивна политика за заштита на животната средина.
  2. Внесување холистичка и интегрирана еколошка, социјална и економска евалуација на нови проекти, политики и инфраструктура, која ќе биде основа за донесување решенија. Оваа евалуација ќе ги зема предвид економските, еколошките и социјалните последици, како и употребата на природни и човекови ресурси и влијанието врз здравјето и капацитетите на луѓето и екосистемите. Секој проект кој сам по себе не ќе може да има позитивно влијание во сите три области, ќе морa да понуди додатни елементи за тоа да се обезбеди или ќе биде отфрлен/укинат.
  3. Стимулирање и поддршка на примената на научните достигнувања во борбата со климатските промени и, стимулирање на индивидуалната добивка од примената на новите технологии и чистата енергија со поставување на заштитата на животната средина како приоритет кој е одговорност на секој граѓанин на Македонија. Поддршка на еко-иновации и нивна примена во пракса
  4. Контрола над пазарната моќ на големите бизниси и можни загадувачи во државата. Работа со деловната заедница и другите за воведување на  законски ограничувања на загадувањето со јаглерод што ќе му овозможи на бизнисот да развие најевтин и најефикасен начин за работа во рамките на законските ограничувања на загадувањето. “Твоја партија“, одредувањето на горната граница за загадување со јаглерод, ќе го заснова на робусен независен совет и ќе ja намалувa со текот на времето, во согласност со меѓународните обврски на Македонија; развивање сеопфатен план за решавање на неизбежниот обрт на основните средства за производство на електрична енергија и прогресивно декарбонизирање на енергетскиот сектор во Македонија, особено во производството на електрична енергија;
  5. Програма за долгорочно и континуирано адресирање на климатските промени која се надоврзува на ЕУ програмите и ЕУ приоритетите (ефикасност на ресурсите, намалување на губитокот на биодиверзитетот и климатско прилагодување и ублажување на последиците)  и воедначено се спроведува независно од промената на власта и на владејачката структура.
  6. Го препознаваме аерозагадувањето како здравствен и економски проблем кој бара долгорочни интервенции во економијата и стилот на живеење на луѓето, и краткорочни интервенции за итна заштита на животот на граѓаните. Подобрување на квалитетот на воздухот со што би се избегнале сериозните здравствени ризици и зголемена смртност што загадувањето на воздухот ги предизвикува, особено преку промовирање на меѓународно прифатените стандарди за квалитет на воздухот и следење, известување и контрола на загадувањето на воздухот.
  7. Го менуваме енергетскиот систем во државата и градиме комплексен приод на откривање алтернативни решенија за различен вид транспорт.  Градење инфраструктура која поддржува борба со климатските промени и заштита на животната средина. Постојаниот развој и примена на новата технологија за производство и потрошувачка на енергија, вклучувајќи и технологии за отпад до енергија, како и повеќе традиционалната обновлива енергија, е од суштинско значење за долгорочната меѓународна конкурентност на Македонија.
  8. Учиме да живееме во рамките на ограничените природни ресурси. Информирање на населението за негативните последици од климатските промени и можноста за намалување на овие последици
  9. Ја штитиме природата и сиот растителен и животински диверзитет со кој располагаме и препознаваме дека нашите знаења се лимитирани и претпазливо менуваме и градиме со цел да не предизвикаме натамошно  деградирање на средината во која живееме
  10.  Постои свест за водата како основен ресурс, и се прават заштитни појаси околу водоснабдувачките извори, се поттикнува колективна и индивидуална изградба пречистителни станици, се воведува систем за рана детекција на дефекти во системите, кампањи за едукација за вредноста на водата
  11. Се преземаат мерки за потполно запирање на уништувањето на шумите и деградацијата на природата и сите економски и инфраструктурни активности мора да го земат предвид, оценат и ублажат своето влијание врз животната средина и здравјето на луѓето.
  12. Поддршка на употребата на обновливи извори на енергија и развој на технологии за продуцирање на еколошка енергија. Реанимирање на индустријата за обновливи извори на енергија во Македонија; да се поттикне енергетска ефикасност и да се инвестира во решенија со ниска употреба на јаглерод. Стратегија за раст на секторот за обновлива енергија после 2020 година преку политики за доставување на најмалку 30% од нашето производство на електрична енергија од обновливи извори до 2030 година.
  13. Се подготвуваат реонски планови за одржување и зголемување на биодиверзитетот и екосистемите кои овозможуваат овој процес да се одвива на најефикасен начин и сите мерки превземени за заштита и унапредување на животната средина да работат во склад што ќе донесе додатни поволности и позитивни ефекти. Се препознава значењето на еколошки коридори и поврзаност на екосистемите и се намалува нивното распарчување.
  14. Спречување на земјоделие и индустриски развој кои се деструктивни за природата
  15. Поддршка за зачувување на ендемските растенија и животни во нивното природно опкружување 
  16.  Се промовира репарирање и реанимирање на деградираната природна средина и се обезбедува чистење на токсичните области создадени во индустриските зони

Индикатори за постигнатиот резултат 

  1. Декарбонизацијата на економијата и на енергетските извори е поставена како долгорочна но непроменлива цел, државата во сите свои решенија е насочена кон постигнување енергетска ефикасност, а постигнувањето 30% учество на обновливите извори на енергија е зацртано во планот за развој до 2030 година.
  2. Зависноста од фосилни горива е намалена со максимална употреба на обновливите извори на енергија на ниво на заедница и на индивидуално ниво
  3. Воспоставена е хиерархија во справувањето со сметот согласно ЕУ стандардите: превенција, повторна употреба, рециклирање, употреба за создавање енергија и отстранување и складирање.
  4. Се издвојуваат потребни средства за справување со аерозагадувањето
  5. Во потполност се применува Рамковната директива за вода на ЕУ и се адресира несоодветното менаџирање со водните ресурси (на национален план и посебно во урбаните средини), се воспоставуваат мерки за заштеда на водата и сушата се препознава како неизбежна закана за државата
  6. Во потполност се имплементира ООН Конвенцијата за биолошка разновидност (зачувување на биолошката разновидност, одржливо користење на деловите на биолошката различност, фер споделување на бенефитите од употребата на генетските ресурси)
  7. Направени сериозни измени во системот на управување со шумите како ресурс и извршена е трансформација на Македонски шуми во претпријатие кое ја унапредува и штити шумата
  8. Постои сериозна и комплексна поддршка за органското, но индустријализирано земјоделство, на традиционалните, но сега индустријализирани економски активности, како сточарството и овчарството со цел стимулирање на локалната економија и одржливиот туризам и на одржлив еко-туризам и промоција на Македонија како дестинација за авантуристички и одржлив туризам.
  9. Урбаните средини се оплеменети со нови зелени површини- вертикални и хоризонтални вклучувајќи и зелени кровови, а градовите   се трансформираат да им служат на луѓето, а не на автомобилите со стимулирање на пешачењето и возењето велосипед,  систем за јавен превоз и осмислено ослободување на централните подрачја. Градовите стануваат по мерка на човекот и неговите потреби.
  10. Државата е отворена кон алтернативни решенија
  11. Се прилагодуваме и ги користиме  меѓународните искуства во сите домени на општествениот живот и се поддржуваат глобалните напори за еколошки интегритет, мир, правда и човекови права
Shopping Cart