Елементи на статутот по кои се разликуваме

  1. Краток (рамка на делување, а не компендиум)

Дејност

  • промоција на професионалноста над партиската книшка и правото над политичкиот волунтаризам
  • да влезе на политичката сцена како независна и посебно независна од влијанија на структури кои понатаму би го компромитирале нејзиното делување и кои би го оневозможиле остварувањето на зацртаните цели, без опашки и без долгови кон било кого
  • Постепен нaпpeдокот кој ќе биде инклузивен и достапен за сите
  • Поставување на принципите на фактичка одговорност од сите досегашни и идни политичари и раководни лица
  • Развивање приод во кој државата  ќе биде алатка која служи за задоволување на потребите и интересите на граѓаните (што подразбира државен апарат кој се структуира на начин на кој најдобро, наједноставно, најефикасно и најевтино им служи на граѓаните)
  • Издигнување на екологијата и борбата за здрава животна средина на ниво на секојдневен приоритет во кој ќе бидат вложении многу труд и многу средства;
  • Борба со било кој облик на клиентелизам, партиска зависност и партизација на правосудниот систем,  јавниот сектор и државната администрација.

Методологија

  • прагматичен приод во управувањето, со многу силен акцент на професионалноста, стручноста и непартијноста
  • членство интегрирано преку социјалните медиуми и соодветните платформи кое заедно ќе ги развива политиките на Партијата и кое во секој момент може да реагира, да поддржи или да се спротивстави на одредена одлука, идеја или политика на Партијата

Јавност

  1. Јавноста во делувањето на “Твоја Партија“ се обезбедува со постојана комуникација на членовите во рамките на посебните и заедничка интернет мрежа со целосен увид во сите акти на секое ниво од нивното подготвување

Членување

  1. Член на „Твоја Партија“ не може да биде политичар, функционер или друга јавна личност што биле на кој и да е начин корумпирани или излегле со ставови во спротивност со концептот за универзалните човекови права или користеле говор на омраза.

Организација

  1. Принципот на организација на “Твоја Партија“ е нетериторијален. “Твоја Партија“ делува на целата територија на државата, со сите членови, а посебно со членовите надвор од Државата комуницира преку интернет/електронска комуникација врз основа на специфични облици на функционално поврзување.
  2. Основна организациска единица на Партијата се Работни тела.
  3. Координативниот одбор е составен од седум члена, кои од својот состав бираат преседавач на телото. Координативниот одбор раководи со Партијата во периодите помеѓу заседанијата на Конгресот
  4.   Координативниот одбор ги прибира ставовите и мислењата на членството со цел формулирање на начелните политички ставови по одредени прашања, врз основа на прибраните мислења и ставови изработува предлог одлуки кои ги доставува до членството за разгледување и гласање, ги сумира гласовите на членството и ги формулира конечните одлуки
  5. Членовите на Контролниот одбор се избираат со мандат од 2години без право на повторен избор

Претставување

  1. Партијата ја застапува и претставува претседавачот на Координативниот одбор. Претседавачите на работните тела го претставуваат конкретното работно тело.

Приходи

  1. Основен приход на Партијата се исклучиво членарина во износ од 100, 300 или 600 денари месечно (во услови на стабилен курс на денарот). Партијата нема да прима средства од страна на државата, а доколку добие средства врз основа на Законот за финансирање на политички партии, добиените средства ќе ги донира на невладини организации за проекти под нејзина контрола.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Shopping Cart