Иницијативниот одбор за свикување на конгрес на Твоја партија во состав Александар Тортевски, Тања Олумчева, Марко Дамевски, Ивица Геговски на ден 5.9.2024 ја донесе следната:
О Д Л У К А
Поради проблеми со салата датумот на одржување на Конгресот се поместува за 13.10.2024 година.
Благодарим на разбирањето и поддршката.
Конгресот на партијата ќе се одржи на ден 13.10.2024 година во просториите на Попова кула Демир Капија, со следниот дневен ред:
- Избор на претседавач на конгресот.
- Избор на записничар.
- Избор на верификациона комисија.
- Извештај за досегашната работа изготвен од страна на досегашниот претседавач.
- Предлог статурани измени.
- Избор на нови органи на партијата.
- Дискусија за идното настапување на партијата особено на локалните избори во 2025 година.
Ги замолуваме делегатите кои ќе учествуваат на конгресот да го потврдат учеството заради обезбедување на соодветна просторија.
Делегатите можат да предложат нови точки на дневн ред како и статутарни измени најдоцна до 22.9.2024 а со цел матерјалот да биде доставен до делегатите.
Својство на делегат на конгресот имаат членовите кои потпишале нотарски заверена изјава во текот на пререгистрацијата на партијата во 2024 година.
АЛЕКСАНДАР ТОРТЕВСКИ