ПОТПОЛНА НЕКАЗНИВОСТ ЗА ПРЕДВРЕМЕНА КАМПАЊА

Даштевски и ДИК: јавете се –

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА БР. 6

Според членот 69-а од Изборниот законик:

За изборна кампања се смета јавно собирање и други јавни настани организирани од учесник во изборната кампања, јавно истакнување плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите.

Според членот 8-а од Изборниот законик:

Во периодот од 20 дена пред отпочнување на изборна кампања не може да се одржуваат јавни настани по повод започнување изградба или пуштање во употреба објекти со средства од Буџетот или од јавни фондови, или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал, во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти.  

Секој пропагандно промотивен настап на било која од партиите (а посебно партиите на власт), објавувањето пропагандни или промотивни пораки на билборди, свечени отворања и пуштања во работа на објекти е спротивен на овие членови и треба да биде казнет.

Дали има потреба од примери кога и самата Министерка Грковска побарала Техничкиот премиер чија примарна и фактичка единствена должност се чисти избори – да изреагира. Се разбира тој не реагира ниту на посочените прекршување на Изборниот законик ниту на редица други.

Казната е предвидена во членовите 179 и 179-б од Изборниот законик:

(1) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на член на Влада, заменик министер и функционер кој раководи со орган ако постапи спротивно на членот 8-а од овој Законик.

(1) Глоба во износ од 8.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе му се изрече на правното лице ако не го почитува рокот за започнување и завршување на изборната кампања (член 69-а став (2)).

Значи не се работи за прекршување на етички кодекс и не се испраќаат опомени, вклучувајќи ги тука и непостапките на Ѕехничкиот премиер – туку се изрекува: ЗАКОНСКИ ПРЕДВИДЕНА КАЗНА.

ОДГОВОРНИ ЗА ОВА СЕ ЧЛЕНОВИТЕ НА ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА.

Доколку не постапуваат според законот и тие треба да бидат казнети според членот 179-а:

(2) Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на претседателот и членовите на Државната изборна комисија за непостапување во соодветните рокови од членовите 67 став (4), 69-а став (4), 148 став (3), 149 став (3) и 149-а став (3) на овој законик.

Што мислите, колку вреди зборот на луѓе кои уште во процесот на избор се спремни да го прекршат законот? На кој начин ќе овозможат владеење на правото и функционирање на институциите на државата?

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Shopping Cart