Работни тела

Секое работно тело ќе добие сопствен простор за дискусии, гласање и поставување на материјали.
Кај секое работно тело ќе бидат дадени членовите во тоа работно тело, претседавачот кој ќе го изберат и евентуално посебно определени лица одговорни за посебни области содржани во тоа работно тело.

Основна организациска единица на Партијата се Работни тела.

(1) Работните тела на “Твоја Партија“ се организирани на доброволна основа по следните области (кои се флексибилно поставени согласно потребите за делување):

1.1 Оддел за надворешни работи (градење емпириски конструктивизам во надворешната политика, негување и подобрување на постоечките и создавање нови релации со држави и меѓународни организации, посебно со држави-соседи и ЕУ членки, модернизирање на услугите со цел полесна достапност на овие услуги државјаните надвор од земјата) Надворешни работи Чат

1.2 Оддел за внатрешни работи (државни фондови-социјално, пензиско осигурување, здравствен систем, статистики на родова еднаквост, култура и метеорологија) Внатрешни работи Чат

1.3 Оддел за правда и полиција (азил, миграција, внатрешна безбедност, коегзистирање на различни националности, борба против криминал, граѓански статус, граѓански права, меѓународна правна и полициска соработка, надзор врз игри на среќа) Правда и Полиција Чат

1.4 Оддел за одбрана(војска), граѓанска заштита и спорт Одбрана Чат

1.5 Оддел за финансии (државен буџет, даноци, домашни и надворешни финансиски текови, монетарни работи, царина, контрола врз стоки, имплементација на легислатива за алкохол, IT-администрација, човечки ресурси, инфраструктура и логистика) Финансии и ИТ Чат

1.6 Оддел за економски работи, образование и истражување (економија, трговска политика, истражување, иновации, домување) , земјоделие и сточарствоЕкономија Чат

1.7 Оддел за човекова околина, транспорт, енергетика и комуникации (инфраструктура, човекова околина, модерни транспортни рути, комуникациски мрежи, енергетски ресурси, како и здравје и безбедност). Екологија Чат

Shopping Cart